- Илон Маск ги спои своите бизниси за вселенски мисии и вештачка интелигенција во глобално доминантна мегакомпанија за технолошки развој проценета на 1.250 милијарди долари.
- Тој нагласи дека напредокот во вештачката интелигенција би бил можен само преку поставување центри за податоци во вселената, што може да го овозможи само SpaceX.
- „Сегашниот напредок во ВИ зависи од копнените центри за податоци, кои бараат огромни количини на енергија и ладење. Глобалната побарувачка за струја за ВИ едноставно не може да се задоволи со копнени решенија, дури ни во блиска иднина, без да се наметнат тешкотии врз заедниците и животната средина... Тоа ќе овозможи бази на Месечината, цивилизација на Марс и на крајот проширување во вселената“, објави Маск.
- Спојувањето има и финансиска цел, спроти претставувањето на SpaceX на берзата до крајот на оваа година. Вредноста на SpaceX во договорот е проценета на 800 милијарди долари, а на xAI на 200 милијарди. На овој начин xAI може да биде првиот бизнис со јазичен модел со ВИ што ќе се појави на американската берза.
- Маск лани ги спои X со xAI и во социјалната платформа зајакната со ВИ инвестираше уште 2 милијарди долари од својата автомобилска компанија Тесла. Милијардерот, исто така, неодамна објави дека ќе откаже производство на некои модели на електрични коли, за да ослободи повеќе простор во фабриките да произведува хуманоидни роботи.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.