- Спикерот Африм Гаши повика обезбедување и прогласи 10-минутна пауза за да спречи ескалација на инцидентот меѓу Димитар Апасиев и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.
- Димче тврди дека Зоранчо го опцул па реагирал барајќи да не му го спомнуваат семејството.
- За малку ќе имаше пресметка и меѓу Борислав Крмов од Левица и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.
- Смирувачки е да се види како во пресрет на сè поблиска Трета светска војна, македонските народни избраници се на висина на задачата.
*****
*****
- Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за прекршување на еднодневното Велигденско примирје, кое го објави рускиот претседател Путин, а го поддржа Зеленски.
- Путин вчера објави дека руските сили ќе ги прекинат сите воени активности на фронтот до вечер на полноќ.
- Зеленски изјави дека Русите го прекршиле примирјето со 26 напади до денеска на пладне.
- Руското Министерство за одбрана возврати дека украинските сили отвориле оган врз руски позиции 444 пати и извршиле повеќе од 900 акции со дронови.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио во петокот се закани дека САД ќе се повлечат од посредувањето за крај на војната ако за неколку дена не видат јасни мировни напори од двете земји.
- Астронаутот Дон Петит на својот 70-ти роденден безбедно се врати на Земјата, по 220-дневна мисија на Меѓународната вселенска станица.
- Со руското летало „сојуз м-26“ во Казахстан се вратија и космонаутите Алексеј Овчинин и Иван Вагнер.
- Петит е еден од највозрасните астронаути што престојувал во вселената. Најстариот сè уште е Џон Глен, кој беше во мисија на НАСА на возраст од 77 години.
- Петит во својата мисија 3.520 пати ја обиколил Земјата. Тој на орбиталната станица спроведувал истражувања за тридимензионално печатење, напредни санитарни технологии, развој на растенија со различен пристап до вода и за однесувањето на оган во микрогравитација.