- Кампањски, од 9 до 14 часот, МВР спроведувало акција за санкционирање прекршоци што ги прават пешаци.
- Санкционирани биле 203 прекршоци, од кои 172 за преминување на улица надвор од пешачки премин (другине биле казнети за брзо одење?).
- Нема заебанции со македонската полиција.
- Ставрос Цимас, познат грчки новинар што со децении ги следи односите на својата земја со соседите, во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ открива низа малку познати детали поврзани со Преспанскиот договор и односите меѓу Скопје и Атина по неговото потпишување.
- Меѓу нив е и една необична епизода од летото 2019 година, кога тогашниот македонски премиер Зоран Заев, кој летувал на Халкидики, се сретнал со претставници на новата грчка власт на вечера во Фурка. Според Цимас, покрај политичките разговори, вечерта ја обележале добро вино, морски плодови и песни од познатиот грчки пејач Антонис Ремос, кои, како што наведува авторот, ги изведувала сопругата на Заев.
- Според Цимас, следното утро Заев бил значително поопуштен.
- Меѓу другото, Заев во шега предложил седница на Владата да се одржи на Касандра, каде што летувале дел од неговите министри, а доколку било потребно да заседава и парламентот, тоа да се случи во Солун за да можат да присуствуваат и пратениците што летувале во Переја.
- Осум демонстранти поврзани со Антифа се осудени на вкупно 450 години затвор поради учество во насилниот протест пред центар за притворени имигранти во Тексас пред една година.
- Тие се првите осудени членови на Антифа откако претседателот Трамп лани ја прогласи групата за домашна терористичка организација.
- Водачот на групата, Бенџамин Сонг, е осуден на 100 години затвор, откако поротата го прогласи виновен за тероризам. Петмина добија казни од 50 до 70 години затвор, а еден е осуден на 30 години.
- Тие беа обвинети дека биле оперативци од ќелијата на Антифа која лани на 4 јули го нападна центарот за имигранти кај Далас, вандализирале возила и киоск и фрлале пиротехнички средства. Првообвинетиот Сонг пукале од автоматска пушка и ранил полицаец во вратот.
- „Казните изречени денес јасно покажуваат дека терористите на Антифа кои напаѓаат органи за спроведување на законот и федерални објекти ќе се соочат со брза и бескомпромисна правда“, изјави државниот обвинител Тод Бланш.