Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Македонците од Бугарија ја тужат Европската комисија

22 април 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонскиот клуб за ттничка толеранција од Благоевград (Горна Џумаја) поднесе тужба против Европската Комисија пред Судот на Правдата во Луксембург, за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити европското право на асоцијација и здружување.
  • Со тужбата се бара од Судот на Правдата на Бугарија да и ги прекине сите исплати на финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 милијарди евра, се додека не го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција, чија регистрација беше одбиена само зошто е македонска организација.
  • Своевремено Европската Комисија се прогласи за ненадлежна сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во членките на ЕУ како Бугарија.
  • Македонскиот клуб цени дека на тој начин ЕК го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската Комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаменталните права на ЕУ.
извор

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Свештеникот Стеван Здравевски од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА повторно ја нападна Владата поради процесите на дигитализација, овој пат реагирајќи на идејата за воведување дигитални возачки дозволи и лични документи.

  • Здравевски тврди дека со дигиталните документи, кои според неговото толкување го сведуваат човекот на идентификациски број, се брише личниот идентитет и човекот престанува да биде личност.

  • Свештеникот ја споредува дигитализацијата со системот на идентификација на затворениците и логорашите, кои, како што наведува, не биле препознаени по име и презиме, туку по број.

  • Оди и чекор понатаму, поврзувајќи ја дигитализацијата со сатаната и Антихристот. АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ КРСТЕНИ ДА НЕ СЕ ЛАЖАТ ДА СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ БИДЕЈЌИ СО ТОА ВЛЕГУВААТ ВО ДИГИТАЛНИОТ ЛОГОР НА САТАНАТА И ГО ДОБИВААТ БРОЈОТ НА АНТИХРИСТОТ 666, ЗА КОЈ ШТО Е ПРОРОКУВАНО ВО СВ. ОТКРОВЕНИЈЕ, пишува Здравески на фејсбук.

извор

Почина Мишо Ковач

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот далматински и хрватски пејач Мишо Ковач почина на 85 години.
  • Роден е во 1941 година во Шибеник и растен на истата улица од која се дојдени уште двајца хрватски музички великани, Арсен Дедиќ и Вице Вуков. 
  • Со над 20 милиони продадени плочи и куп хитови кои уште се пејат, животот на Мишо Ковач беше испреплатен со спектакуларна слава, преполни стадиони и тешки семејни трагедии. 
  • Се женеше три пати, еднаш со една од најубавите жени во државата, Мис на Југославија, Анита Бутурина.
  • Во 1992 година неговиот 16 годишен син Еди го губи животот под докрај неразјаснети околности. Мишо никогаш не ја прифати официјалната верзија дека се работи за несреќно самоубиство. 
  • Подоцна Мишо Ковач ги губи и мајка му и брат му. После неколкугодишна депресија, во 1999 година се обидува да се самоубие, пукајќи си во гради. Преживува.
  • Разгрлена кошула, наочари, мустаќ, златни ланчиња и дигнати раце. Доволен му беше еден замав со раката за цел стадион да ја допее песната.
  • „Има луѓе кои и за време на животот станале поголеми од себе, од збирот на сите свои плусеви и минуси.
    Дали и колку нивните дела ви биле битни, што мислите за нивниот стил и слични, во други случаи обично важни работи, за таквите калибри не важат. Таквите се баждарени поинаку и не се судат со овоземни мерки.
    Од таквите Хајлендери, ние го имавме Гоце Арнаудов, а Далмација го има Мишо Ковач.
    Повеќекратен шампион во областа на музиката и повеќекратен губитник во областа на животот, Мишо е некој за кој ви е јасно дека колку и да мислите дека грешел, за тоа можат да судат само виши инстанци“, пишавме во воведот на неговото интервју за Оффнет кое го водеше Ноне Ноциќ (види: Моите песни можете да ги игнорирате, сè додека не се вљубите).

Оди сега биди паметен па реши која песна да ја одбереш од него:

 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
3

Не давајте лесно збор

Балканштина
4

По цена за околу 60 квадрати во Скопје

Видео
5

За вечера ќе му направи попара

Видео
6

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

7

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

8

И државата има апликација

Разно
1

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

2

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

3

Секс, лаги и нелегални мигранти

Свет
4

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Бизнис
5

Брнабиќ: Победивте, формирајте власт, не дозволувајте насилници да ја водат земјата

6

Можат ли демократите да ја поништат револуцијата на Трамп?

Мислења
7

Франција ќе ги оданочува и гигабајтите на интернет

Интернет
8

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ни помал мост, ни поголема помпа

Грчките нео-нацисти се бетер од што ги мислите

Магијата на фармерките на Лидл од 475 денари

Уште еден градски шериф

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy