Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мадуро се повикува на имунитет од кривично гонење

3 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Грабнатиот венецуелски претседател Николас Мадуро тврди дека како шеф на суверена држава има имунитет од кривично гонење во странство и побара од судијата во Менхетн да ги отфрли кривичните обвиненија за трговија со дрога против него.
  • Обвиненијата послужија како основа за американската воена интервенција во Каракас на 3 јануари, во која Мадуро беше грабнат од претседателската палата и беше префрлен во федерален затвор во Бруклин. Судењето е закажано за 1 јуни 2027 година.
  • Принципот според кој актуелните шефови на држави уживаат имунитет од кривично гонење во странство е долгогодишно начело, кое се смета за темел на дипломатијата. Одлуката на окружниот судија Алвин Хелерстајн претставува тест за општата воздржаност на американските судови во однос на примената на меѓународното право во кривичните постапки. Вашингтон не го признава Мадуро како претседател на Венецуела уште од 2019 година, а судовите обично го следат ставот на американскиот претседател.
  • Адвокатот на Мадуро, Бери Полак, тврди дека венецуелскиот претседател е лажно обвинет, бидејќи дејствијата за кои се товари биле дел од неговите службени должности. „Овој случај на кривично гонење без преседан го крши апсолутниот имунитет од кривична јурисдикција, на кој со векови имаат право шефовите на држави и странските функционери кои дејствуваат во својство на службени лица“, напиша Полак.
  • Кривичните постапки во САД против шефови на странски држави се исклучително ретки, но праксата не му оди во прилог на Мадуро. Во 1990 година, федерален судија во Мајами го отфрли обидот на поранешниот воен лидер на Панама, Мануел Нориега, да се повика на имунитет како шеф на држава, делумно и поради тоа што тој никогаш официјално не бил претседател.
извор

Хрватска има осум услови за Црна Гора во ЕУ

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Хрватска до другите земји членки на ЕУ доставила документ за својата позиција околу отворените прашања со Црна Гора и ги наведува условите што Подгорица мора да ги исполни пред да стане членка на европскиот блок.
  • Загреб некои од овие барања директно ги поврзува со затворањето на преговарачките поглавја 23 (Правосудство и основни права) и 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика). 
  • Меѓу конкретните услови има и такви како што е промена на името на градскиот базен во Котор и враќање на школскиот брод Јадран.
извор

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, кои ги запре пред неколку дена откако тоа го побара Трамп.
  • Претседателот Зеленски истакна дека Русија воопшто не го почитувала „енергетското примирје“ што го прогласи Трамп - двете страни да ги прекинат нападите врз енергетски цели, за да се смири глобалната криза со цената на дизелот.
  • Трамп не само што не ги осуди руските напади, туку и ги разлабави санкциите за Москва и ѝ дозволи да продава дизел.
  • Зеленски изрази разочарување поради тоа што САД не ја предупредиле Украина за руските напади со балистички проектили на 12 и 13 октомври, а во вторникот ненајавено ја ограничија и поддршката од сателитскиот систем Starlink за украински воени дронови.
  • „Готово е. Блокадата за напади врз рафинерии е завршена“, изјави Зеленски во интервју за Фајненшл тајмс.
  • Претходно, гостувајќи кај Пирс Морган, Зеленски оцени дека „Украина губи силен партнер“.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Два различни родителски пристапа

Балканштина
2

Ла Лига прашува: Каде е Димитриевски?

Фудбал
3

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Работа
4

Тачдаун

Онака
5

Драги млади луѓе

Забава
6

Маск ѝ го исклучи Starlink на Украина

7

А вие за Груевски се чудевте

Македонски рулет
8

Лесно е да си Калимеро

Мешано
1

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Работа
2

Маск ѝ го исклучи Starlink на Украина

3

Ива Михајлова избега пред бугарскиот конзилиум да ја потврди вистината

4

Безбедно ли е за Груби на слобода?

5

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Свет
6

Европа се откажува од трката за ВИ

Технологија
7

Хрватска има осум услови за Црна Гора во ЕУ

8

Амбасадорката на САД во Атина поднесе оставка

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Балканштина

Два различни родителски пристапа

Македонштина

Автопат „Мед и млеко“

Медиуми

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Македонштина

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Америка, број еден во светот по последни места

ФБ статус на денот

Питки килими

Кинеско решение за македонски проблем на шведска маса

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy