Европската централна банка претстави вкупно десет дизајни на идните евра, поделени во две тематски групи, за да можат граѓаните да го изберат победникот со гласање онлајн.
Во групата мотиви „Европска култура“ се пет различни дизајни на портретите на Марија Калас (на банкнототата од 5 евра), Лудвиг ван Бетовен (10 евра), Марија Кири (20 евра), Мигел де Сервантес (50 евра), Леонардо да Винчи (100 евра) и Берта фон Зутнер (200 евра). На реверсот се „сцени од јавниот живот“.
Како алтернатива се понудени пет различни дизајни „Птици и реки“. На реверсот се прикажани најважните институции на ЕУ.
Гласањето е отворено до 21 септември, победничкиот дизајн ќе биде објавен до крајот на годината, а новите банкноти ќе се пуштат во оптек по неколку години и ќе се користат паралелно со старите.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.