- Најмалку 27 луѓе загинаа при уривање на покрив во ноќен клуб во Санто Доминго, главниот град на Доминиканска Република.
- 134 се повредени, а се трага дали под урнатините има преживеани.
- „Сè се случи многу брзо. Мислевме дека е земјотрес“, изјави менаџерот на пејачот Руби Перез што настапувал во клубот „Џет сет“ кога се случила несреќата.
- Меѓу загинатите е и Нелси Круз, гувернерката на провинцијата Монте Кристи.
- Мешаниот екипаж од еден американски и двајца руски космонаути успешно стаса до Меѓународната вселенска станица со руска ракета лансирана од Бајконур.
- Кремљ ја поздрави мисијата како пример за соработка помеѓу Америка и Русија во вселенските истражувања.
- Во леталото „Сојуз МС-27“ беа астронаутот на НАСА Џони Ким и космонаутите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубритски. Тие ќе останат на Меѓународната станица осум месеци за да спроведат експерименти и технолошки истражувања што би помогнале за идни вселенски мисии.
- На МСС во орбита околу Земјата се уште седум астронаути - Дон Петит, Ен Меклејн и Никол Ајерс од НАСА, Алексеј Овчинин, Иван Вагнер и Кирил Песков од Роскосмос и Такуја Ониши од Јапонската вселенска агенција.