Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кој може нека си оди од Украина

21 ноември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Првиот човек на најголемата украинска компанија за електрична енергија, ДТЕК, им порача на своите сограѓани ако можат веднаш да ја напуштат земјата за да ја спасат енергетската мрежа на Украина.
  • „Ако можат да најдат алтернативно место за престој во следните три до четири месеци, тоа ќе биде од голема помош за системот,“ изјавил Максим Тимченко.
  • Руските воздушни напади во последните месеци оштетија речиси половина од енергетскиот систем на Украина, а земјата веќе има редовни закажани и незакажани гасења на струјата.
  • За Украина проблем е и предвоената соработка со Русите, кои сега целото свое знаење за украинската мрежа го имаат пренесено на руската војска, која благодарејќи на тоа може да извршува многу прецизни напади на клучни точки на мрежата.
извор

500 француски школи се затворени поради протестите

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 500 средни училишта во Франција се затворени заради протестите на учениците во нивните лицеи кои минатите денови знаеја да бидат и насилни. 
  • „Безбедносните услови не се исполнети“ гласи официјалната причина за неработењето, особено што за утре се најавени и помасовни протести. 
  • 24 училишта биле запалени или ограбени а 78 вработени  повредени од почетокот на протестите.
  • Тинејџерите од француските средни училишта се жалат на чести отсуства од работа од страна на наставниците, предолги училишни денови и дотраени објекти. Тие протестираа и поради недостатокот на соодветно ладење во жешките летни денови.
извор

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во еден од становите на пониските катови живее една мајка со нејзините два сина. Таа е одамна изморена, со длабоки бразди околу очите и раце што ги носат сите белези на десетлетија поминати во грч. Мајка која предолго молчи и премногу простува.
  • Едниот син, љубимец на одамна починатот татко, е локалниот маалски лик. Фаворизиран, а всушност полуписмен, но неверојатно гласен.  Другиот син е негов антипод. Тивок човек, грижлив, трпелив и необично мудар за своето време.

  • На најгорниот кат, во пространиот, совршено осветлен пентхаус, живее еден Господин. Води ексклузивен, привилегиран социјален клуб за одбрани станари. Сака сите станари од зградата конечно да станат дел од тој клуб, за да се создаде една „елитна заедница“, отпорна на провинцијализам и мирис на евтина кујна.
  • Господинот е врвен пресметлив манипулатор. Проценувајќи го секој стан одделно, тој прави непогрешлива дијагноза и за ова семејство. Истрајниот, син е премногу горд и проницлив, не подлегнува лесно на уцени, заклучува тој. Затоа, својата стратегија ја насочува кон попречниот, плиток и поткуплив син, зависникот.
  • Господинот знае дека корисниот идиот е најкорисен кога не е свесен за сопствениот идиотизам па затоа смислено го велича, му подидува и го бодри.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Самоил и дупките

Балканштина
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
4

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
5

Зденка цела да е

Македонштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Америка ги повлече сите свои бомбардери од Британија

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Распнатиот човек и претходно имал проблеми со законот

Македонски бонтон за на плажа

Човекот кој можеше да ги отпее сите таги на светот

Есеј за хотелскиот појадок

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy