Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кој е Палчо?

4 декември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Заедно со познати архитекти и функционери важи за еден од творците на т.н. „урбана мафија“ бидејќи на јавна сцена за неговото име првпат се слуша кога се менуваат урбанистичките планови за скопско Дебар Маало и од мали семејни куќички во срцето на Скопје почнуваат да никнуваат згради.
  • И објектот на ул. „Н.Н. Борче“ пред кој беше киднапирана Вања Ѓорчевска го градеше Палевски.
  • 360 степени (линкот подолу) потсетуваат на градежната епизода на Палчо (легализирањето на Тифани и сл), медиумската епизода со Старт, Зум и тогашна ТВ Алфа, задарската епизода со правење печки на пелети, апсењето во Белград, сомнежите дека тој се крие зад псевдонимот Никола Тесла под кој беа објавувани многу бомби.....
  • А ова е описот на Љупчо Палевски на ТВ Алфа:

извор

Мамдани го крева данокот на имот во Њујорк

18 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Новиот „социјалистички“ градоначалник на Њујорк Зохран Мамдани објави дека ќе го зголеми данокот на имот, првпат по две децении. Не гледа друг начин како градските власти може да ја пополнат дупката од 5 милијарди долари во буџетот.
  • „По години лошо управување се соочуваме со буџетска дупка од 5,4 милијарди долари и две можни патеки. Едната е зголемување на даноците за ултрабогатите и најпрофитабилните корпорации, а другата е да се балансира буџетот врз грбот на работниците, преку единствените алатки што му се на располагање на градот“, порача Мамдани.
  • За време кампањата тој промовираше прогресивни реформи за финансирање на бесплатен јавен превоз, стабилизација на станарините и програмите за домување, универзална грижа за децата и минимална надница од 30 долари на час.
  • Последниот градоначалник што го крена данокот на имот во Њујорк беше Мајкл Блумберг во почетокот на овој век.
извор

Панчевски со кривична против членовите на Советот на јавни обвинители

18 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Поранешниот судија и експретседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, кој вчера беше дисквалификуван од трката за нов државен јавен обвинител, ќе поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавните обвинители поради нивната одлука.
  • Тој смета дека сите десет членови на Советот на јавните обвинители, постапиле спротивно на законот при разгледувањето на неговата пријава и утврдувањето посебен услов за кандидат за државен јавен обвинител.
  • Како што вчера наведе заменик-претседателка на Советот, Марјана Илиеска, согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право, а во конкретниот случај на Панчевски функцијата му престанала пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија ниту јавен обвинител.
  • Според Панчевски, членовите на Советот со умисла потешко го повредиле неговото законско право бидејќи има потврда за редовен работен однос на местото судија во скопскиот Основен кривичен суд од 8 февруари 2008 до 28 јули 2020 година или вкупен непрекинат стаж од 12 години, пет месеци и 20 дена.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
2

Драги Холанѓани, затнете нос и голтнете

Онака
3

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина
4

Зошто го сакаме Балканот

Балканштина
5

Вазалите се вазда исти

Разно
6

Зеленски и стомакот на Орбан

Разно
7

Етничкиот состав на Југославија во 1981 година

Онака
8

Зошто атрактивната Холанѓанка после секоја трка се соблекува пред камера?

1

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
2

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

3

Британска измама со „слободата на печатот“ на Балканот

Свет
4

Што се милијарда патници за кинеските брзи возови?

Занимливости
5

Њујорчани ќе збеснат ако лаеш против кучињата

Занимливости
6

Старееме најбрзо во Европа

7

Се сеќавате дека парковите беа затворени во ковидот?

Здравје
8

Баер со 7,25 милијарди замолкна илјадници луѓе со рак

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Од реформи во јавната администрација, издвојуваме

Балканштина

Вељко кидна на време

Балканштина

Зошто го сакаме Балканот

Македонштина

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина

Може замена за буквар?

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

А ќе имаат ли жолта лента?

Епски календар на една македонска општина

Запознајте се со Пицулин

Скопски Термопили

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy