Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кои се Заевите камшикарки од Судскиот совет

12 јануари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Весна Дамева. Посиромашна и посрамна биографија за еден претседател на Судскиот совет досега не била објавена. Во нејзината биографија нема баш ниту една референца поради која таа би била предложена од страна на претседателот Пендаровски како член на Судскиот совет, освен блискоста со Заев. Но затоа Дамева е побогата од 99% од судиите на кои им била приправник, а сега треба да ја оценува нивната работа.
  • Тања Чачарова Илиевска. Нема поминато ниту еден ден како судија или обвинител, а и таа треба да ги оценува судиите. Нејзината адвокатска канцеларија не важи за позната, а тоа колку добро работела се гледа по фактот дека се отворала или се затворала во зависност од тоа дали Чачарова-Илиевска имала државен ангажман.
  • Лорета Гeоргиева. Сиромашна кариера и напредување само кога СДСМ и Заев се на власт е краткиот опис на биографијата на Лорета Горгиева, чиј најголем успех во кариерата е изборот за основен судија во Судот во Струмица. На Георгиева ѝ биле потребни 6 години за да положи правосуден испит, но затоа не ѝ требало премногу време за да направи енормно богатство со сопругот.
извор

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, се во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник Њујорк Тајмс. Текстот бил поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание “Ecology Letters”.
  • На островот живеее исклучително густа и навидум просперитетна популација желки. Меѓутоа, зад оваа бројност се крие сериозен проблем: половата структура е драматично нарушена. На секоја возрасна женка има по 19 мажјаци, што претставува екстремна диспропорција со далекусежни последици.
  • Ваквиот дисбаланс резултира со изразена сексуална агресивност кај мажјаците, кои неретко се обидуваат да се „парат“ и меѓусебно. Женките се изложени на постојан прогон, стрес и физички повреди. Во обид да избегаат од агресијата, дел од женките завршуваат преку стрмните островски карпи - во провалија и сигурна смрт.

* Линк до трудот на д-р Драган Арсовски

* Види и: Што ги натера македонските желки да станат геј?

извор

Полска ќе бара воени репарации и од Русија

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Полска најави дека официјално ќе поднесе барање за воени репарации од Русија, за злосторства извршени од Црвената армија во Втората светска војна и во периодот на советските интервенции во Студената војна. Премиерот Доналд Туск наредил формирање тим историчари за да ги проценат штетите. 
  • Варшава веќе побара од Германија да ѝ плати 1.300 милијарди поради злосторствата извршени од нацистичките сили за време на Втората светска војна. Канцеларот Фридрих Мерц одговори дека од перспектива на Берлин, прашањето за репарации одамна е правно и политички затворено.
  • Бартош Гондек, директор на институтот задолжен од Туск, изјави дека истрагата за Русија е пообемна, со оглед на тоа што Полска поминала четири децении под советско влијание.
  • Коментирајќи ја заканата од Полска, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави: „Како репарација, можеме да обезбедиме линк до видеото од операта Иван Сусанин“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
2

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина
3

Зошто атрактивната Холанѓанка после секоја трка се соблекува пред камера?

4

Драги Холанѓани, затнете нос и голтнете

Онака
5

Зошто го сакаме Балканот

Балканштина
6

Може замена за буквар?

Македонштина
7

Тупаницата на ВИ змејот

Забава
8

Вазалите се вазда исти

Разно
1

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
2

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

3

Старееме најбрзо во Европа

4

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
5

Калифорнија купува американски бензин преку Бахамите

Свет
6

Британска измама со „слободата на печатот“ на Балканот

Свет
7

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
8

Министер на Зеленски си ги школувал децата со парите за греење на Украинците

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Зошто го сакаме Балканот

Македонштина

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина

Може замена за буквар?

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина

Орајте ноќеска само за неа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Дневна доза (над)реализам

Исцелителот за хомосексуалноста

Кумовите на ДБК

Ќе јадат ли Американците дроб сарма?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy