Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Коцарев: Во предвечерјето

9 март 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во предвечерјето на претстојниот циклус на избори да се потсетиме дека под македонство се подразбира: прво, автохтоност на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, нагласувајќи дека македонскиот јазик, како, впрочем, и сите други јазици, не само словенските, има свој просторен и свој временски, да бидам прецизен – милениумски континуитет; второ, македонскиот национален супстрат го претставуваат Македонците што живеат во државата Македонија, но и оние во соседството, како и низ целиот свет.
  • Во предвечерјето на претстојниот циклус на избори да не заборавиме на злонамерните манипулации и на многубројните лаги искажани од членовите на Владата на Македонија и Претседателот на Македонија, да не заборавиме на неисполнетите ветувања: („Верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред Парламентот и да бара промена на Устав заради промена на уставното име“), да не заборавиме!!
  • Во предвечерјето на претстојниот циклус на избори да не глумиме идиоти и јасно да ги потенцираме последиците од веќе прифатените обврски од страна на Македонија за почнување пристапни преговори.
  • Во предвечерјето на претстојниот циклус на избори, Македонија има само една алтернатива: да победат партиите што ќе го одбранат македонството, но не лажно и манипулативно, туку искрено и праведно: македонството не е национализам, туку борба за опстојување. Дали договорите со Грција и со Бугарија и Преговарачката рамка се светла иднина или стратегиска грешка, предавство и културен геноцид? На прашањето: „Како понатаму?“, одговорот е единствен: оваа Влада и овој Претседател треба да заминат од политичката сцена на Македонија еднаш засекогаш, а новата Влада и новиот Претседател треба одлучно да кажат НЕ за промена на Уставот, па потоа да почнат, постепено, чекор по чекор, да го расчистуваат ѓубрето наталожено во последниве години.

 

извор

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
  • „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
  • Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
  • „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.
извор

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
  • Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
  • Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз. 
  • Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
  • Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
2

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
3

Вимблдонска утопија

Мешано
4

Лука, Един и Ивана

Фудбал
5

БЈР Матрикс

Разно
6

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

7

Музеј на современи вазали

Македонштина
8

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
1

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

2

Европа станува бастион на цензурата

Медиуми
3

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

4

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

5

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
6

Трамп дели правда и на Светското првенство

7

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
8

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Чекајте малце другари

А за вкусовите не се расправа

Граѓански преписки

Офф.нет го пријавува Офф.нет за лажна вест

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy