- Сениште кружи низ Македонија – сеништето на македонизмот. Многу сили во Македонија направија сојуз за света војна против македонизмот – тој сојуз е притаен, добро воден, оркестриран, синхронизиран и медиумски сестрано помогнат.
- Македонија денес се наоѓа во противречна и конфузна положба – за европска иднина за нас треба да замислиме иднина без нас.
- Посакувам Македонците да се обединат околу градењето достоинствена иднина, во која македонизмот ќе биде нашето битисување, а Гоце Делчев нашиот корифеј.
- „Бугарија, добредојде во Бордот, заедно ќе работиме на зајакнување на мирот во светот“, напиша американската амбасада во Софија откако премиерот Росен Жељазков потпиша приклучување кон Одборот за мир на Доналд Трамп.
- Политикологот Милен Љубенов мисли дека ова е голем политички скандал што допрва ќе одекнува.
- „ГЕРБ постигна многу сериозен автогол и ова ќе влијае на изборната кампања. Ова е обид на Доналд Трамп да ги замени ОН. Видовме дека таму се наредија голем број авторитарни лидери, вклучувајќи го и Лукашенко. Бугарија не чекаше на заедничкиот европски став и уште еднаш покажа дека е освоена земја“, вели професорот Љубенов.