- Поранешниот претседател на МАНУ, Љупчо Коцарев го повикува актуелниот прв човек на Академијата, Живко Попов да ја напушти функцијата. Причините Коцарев ги гледа во огромниот број нелегални дејства што ги потпишал претседателот на МАНУ во 2025 година.
- Коцарев го повикува и Државниот завод за ревизија да направи ревизија на работењето на МАНУ.
- „Дали состојбата во МАНУ, можеби, ќе се подобри во втората половина на 2026 година? Според моето мислење, надминувањето на состојбата во која се наоѓа МАНУ, ќе повторам – за што е виновен исклучиво претседателот на МАНУ, се граничи со невозможна мисија. Разумот и словото на правото одамна – повеќе од една година, не се присутни во просториите на Академијата. Континуирано, синхронизирано и оркестрирано, низ шепот, провејуваат неосновани обвиненија против мене, се оцрнува работата на досегашниот секретар на Секретаријатот на МАНУ, се проблематизираат барањата на членовите на МАНУ, кои за одредени прашања немаат исто мислење со претседателот на МАНУ, се напаѓа дел од администрацијата како дел од целокупното сценарио, се оптоваруваат со административна работа научните соработници коишто соработуваат со мене, па оттука, надежта дека Собранието ќе стори што било со забележителен ефект е многу мала“.
- „Ви се обраќам Вам, претседателе, зашто Вие не сте достоен за извршување на функцијата претседател. Заминете си, за доброто на МАНУ!“, пишува Коцарев.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.