- Некои си 7 месеци откако беше избран за прв дипломат на Кина, Чин Ганг е сменет од својата позиција откако подолго време не е виден во јавност.
- На местото на Ганг ќе дојде првиот човек за надворешни работи на Кинеската комунистичка партија и претходник на Ганг на министерската позиција, Ванг Ји.
- За смената се дозна од извештајот на државната новинска агенција, која соопшти дека Ганг е отстранет на позицијата и на негово место доаѓа Ји. За сега не е објавена причината за отпуштањето на Ганг.
- 57-годишниот Ганг не е виден во јавност од 25 јуни. Неговото отсуство на самитот на АСЕАН, каде исто беше заменет од Ји, беше објаснето со „здравствени проблеми“.
- Француските пратеници го отфрли владиниот предлог за задолжително вакцинирање против грип на медицинскиот персонал и здравствени работници што се повеќе изложени на вирусот.
- Слободата на избор за вакцинирање е основен принцип. Треба да ги убедиме луѓето да се вакцинираат, а не да ги принудиме на тоа, изјави пратеникот Кристоф Бенц од опозицискиот Национален собир.
- Левичарската опозиција ја пофали стапката на вакцинирање против грип од 82% во домовите за стари лица, но забележа дека во законот не е дефинирано што ќе се прави со оние што не сакаат да примат вакцина. „Какви ќе бидат последиците? Дали ќе мора да бидат отстранети од домовите?“, забележа Адриен Клуе од ЛФИ.
- Задолжителната вакцинација против грип за „критичните“ групи беше предвидена со предлог-буџетот за 2026 година.
- Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, побара Украина да ја спушти возраста за мобилизирање затоа што сè потешко може да најде војници откако рекорден број мажи заминаа во Европа.
- „Порано 18-годишници служеа во армијата, но тоа се деца. Сега се мобилизираат на возраст над 25 години. Може да се спушти границата на 22 или 23 години“, изјави Кличко.
- Повеќе од 100.000 млади Украинци заминале во европските земји откако владата во август им дозволи на младите мажи на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата. Само во септември европските земји им дале привремен азил на 79.000 Украинци, рекорден број во еден месец откако почна војната.
- Кличко вели дека иднината на земјата зависи од тоа дали младите ќе се вратат кога ќе заврши војната. „Би биле пресреќни ако половина од младите се вратат. Но, за тоа ни се потребни мир, работа и квалитет на животот“, изјави Кличко.