- Судија во Њу Мексико ѝ наложи на компанијата Мета да плати 942 милиони долари, затоа што изложила деца на штетни искуства на своите платформи Фејсбук и Инстаграм.
- Сумата вклучува казна од 375 милиони долари и уште 567 милиони долари наменети за фонд за санирање на штетата, вклучувајќи 420 милиони за лекување на деца.
- Согласно судската одлука, Мета мора да ја зајакне проверката на возраста во Ново Мексико, да го ограничи пристапот на малолетните корисници на вкупно 90 часа месечно на Фејсбук и Инстаграм, да ги исклучи повеќето push известувања преку ноќ и за време на наставата во училиште и да го скрие бројот на „лајкови“, освен ако родител или старател не дозволи да бидат прикажани.
- Досега највисоката парична казна за Мета во врска со безбедноста на децата е 1,57% од профитот на Мета од околу 60 милијарди долари во 2025 година. Сепак, се однесува само на една сојузна држава во САД и се толкува како сигнал дека судовите посериозно ќе ги третираат штетните последиците од социјалните мрежи врз децата.
- Белата куќа промовираше нов видео канал кој 24/7 ќе биде фокусиран на претседателот Доналд Трамп и неговите достигнувања.
- Каналот „Trump TV“ на платформата YouTube бил активиран синоќа, со снимка на говор на претседателот од 3 јули. Белата куќа објасни дека ќе бидат објавувани „најдобрите моменти од минатото, соопштенијата и најважните и најзначајните активности на администрацијата – сè на едно место“.
- Ова е реакција на бојкотот на големите телевизиски мрежи насочен против Трамп, откако тој им забрани пристап во Белата куќа на екипи од CNN, MS NOW и Politico. Поради бојкотот, не се слушаше изјавата на Трамп на свечената промоција на новиот хелиодром.
- Веиџија Џијанг, поранешен претседател на Здружението на дописници од Белата куќа, предупреди дека администрацијата, преку ограничувањето на пристапот за избрани медиуми и со новиот канал, има намера да наметне контрола врз известувањето, што е несвојствено за САД.
- „Америка не може да има државна телевизија... Потребни ви се независни актери за да можете да бидете набљудувачи. Ако владата ви го прикажува само она што го сака, мора да се запрашате: Што ни недостасува?“, вели Џијанг.
- Европската Унија не успеа да го потврди начелниот договор за укинување на санкциите против руските олигарси Алишер Усманов и Михаил Фридман.
- Франција и Словачка, кои инсистираат да бидат укинати мерките против милијардерот Усманов, и Луксембург, кој го бара истото за Фридман, синоќа постигнале компромис со другите членки - двајцата олигарси да бидат избришани од „црниот список“, во замена за продолжување на санкциите за три години, наместо за шест месеци.
- Летонија, сепак, се спротивставила на овој договор, поради што преговорите ќе продолжат денеска, кога завршува важноста на претходните санкции за Русија усвоени во март.
- Санкциите опфаќаат забрана за визи и замрзнување на сметките. Усманов и Фридман се на списокот уште од почетокот на војната во 2022 година.
- Париз очекува во „замена“ за бришење на Усманов од листата да бидат ослободени двајца француски државјани приведени во Азербејџан, а Фридман побарува од Луксембург компензација од 15 милијарди евра во арбитражна постапка за национализиран имот.