- Дино Мерлин, неговата сопруга Амела Дервишхалидовиќ и уште двајца американски партнери започнуваат бизнис во САД за производство на струја со користење океански бранови, ветар и сончева енергија.
- Регистрирале и патент а во иноваторите се наведени и Дино Мерлин и сопругата. При поднесувањето на патентот, брачниот пар и партнерите навеле уште 89 претходно регистрирани патенти.
- Патентот добил ознака за електрични машини кои користат пиезоелектричен ефект, електрострикција и магнетострикција за добивање електричен излез од механички влез како што е генератор.
- Патентот им е одобрен точно на 77 годишнината од смртта на Никола Тесла.
- Еднократните уреди за пушење/испарување кои се појавија пред само неколку години, со уредба на ЕУ, ќе бидат забранети кон крајот на 2026 година.
- Забраната првенствено е насочена кон заштита младите но и на животната средина. Електронските цигари за еднократна употреба содржат мали батерии со вредни суровини како што се литиум или кобалт, и тие обично завршуваат во ѓубре, наместо правилно да се рециклираат. Претставуваат и опасност од пожар.
- На најголемиот светски саем за тутун, Интертабак во Дортмунд кој се одржуваше деновиве, од вкупно 800 штандови, 300 нуделе нови производи.
- Во понудата биле над 600 различни вкусови – од нане и боровинки, па сè до чизкејк.
- Постојат дури и е-цигари со вградени екрани и гејминг функционалности.
- И Наќе Георгиев и Иџет Мемети признаа дека земале 10.000 евра мито, за да влијаат на судска пресуда и влијаеле, по што - едниот се спогоди со ЈО, а другиот доби само условна осуда.
- Корумпираното обвинителство и судство не отворија постапки за обвинителите и судиите врз кои Георгиев и Мемети влијаеле, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Каде се и кои се луѓето кои под притисок или влијание на Наќе Георгиев и за Иџет Мемети досудиле поблага казна? Тие уште судат и правоораздаваат, потсетува таа.