- Просто е неверојатно како е можно „големото“ име на Олександр Онишченко да се протнало на мала врата во македонските институции (Украинецот доби македонски пасош иако за него има меѓународна потерница и е на црната листа на САД).
- Или тие што прават безбедносни проценки се неспособни, или системот е длабоко корумпиран.
- Ова е скандал поголем од фалсификуваните пасоши во случајот „Двојник“. Пасошите беа издавани со лажен идентитет и ќе истечат, а државјанството е вистинско, дадено од македонската влада и останува трајно.
- Државјанството речиси е невозможно да му се одземе, а случајот Онишченко пред сите го соголи системот што очигледно не функционира.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.