Во домовите во Јапонија денес има 15,9 милиони домашни миленици, што е за 2,2 милиони повеќе отколку деца на возраст под 15 години.
Падот на стапката на наталитет принудил компании што произведувале пелени, колички и облека за бебиња да се префрлаат на слични производи за кучиња и мачки. Според истражувања на Еуромонитор, пазарот за нега на домашни миленици во Јапонија во 2025 година вредел 880 милијарди јени (5,4 милијарди долари).
„Поради промените во животниот стил, како доцното стапување во брак и семејствата што не сакаат деца, сведоци сме на хуманизација на домашни миленици. Ги третираат како членови на семејството или деца, а не како животни“, вели Ишу Уехара од компанијата Уничарм.
Национално истражување за трендовите на плодноста покажа дека помеѓу 2002 и 2021 година, процентот на домаќинства со само едно дете во Јапонија се зголемил од 10% на речиси 20%.
„Порано, кучето или мачката беа само дополнителен член на семејството. Со помалку бракови и бебиња, животните преземаат улога на дете или партнер. Многумина Јапонци по разводот вдомуваат миленик“, вели Барбара Холтус, директорка на Германскиот институт за јапонски студии.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.