- Меѓу две точки оддалечени 3.000 килметри, јапонски инженери успеале да постигнат брзина од 319 терабити во секунда, двојно побрзо од претходниот рекорд.
- За контекст: со 316 терабити, во една секунда се симнувааат 80.000 филмови. Или поинаку: постигнатиот рекорд е 7,6 милиони пати побрз од просечниот домашен интернет во САД од 42 мегабита.
- Рекордот е поставен со оптика која наместо едно, има четири јадра, поврзани со ласер кој пулсира со различни бранови должини.
- Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
- Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
- Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
- Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
- Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).
- Претседателот Доналд Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MSNBC и Politico поради „објавување лажни вести“. Се закани дека ќе блокира и други медиуми за кои ќе оцени дека известуваат „неповолно“.
- „Нешто не е во ред со земја што дозволува луѓе намерно да пишуваат негативни извештаи. Ако сакаат да ги пишуваат, во ред. Не морам да ги пуштам во домот на народот... Тоа е многу едноставна забрана. Не ги сакам во мојата канцеларија“, изјави Трамп.
- Тој додаде дека забраната важи веднаш, но би можела да се укине ако трите медиуми „се поправат и објавуваат поповолни извештаи“.
- Новинари од CNN, MS NOW и Politico сè уште беа во кругот на Белата куќа кога Трамп ја објави забраната, без никакви знаци дека ќе бидат отстранети.
- „Според Уставот на САД, имаме право да известуваме без попречување или мешање од владата. Ако се спроведе забраната со која се закани претседателот, тоа би претставувало незаконски напад врз фундаментално и уставно загарантирано право“, објави CNN.