Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Израел се смирува со австриската партија основана од поранешни нацисти

18 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека Ерусалим се залага за воспоставување врски со Австриската партија на слободата (FPÖ), која е основана од поранешни нацисти, но во изминативе години сè повеќе зазема цврст произраелски став.
  • Сар го поздрави говорот на лидерот на FPÖ, Херберт Кикл, кој ја поддржа десничарската агенда на израелската влада. Партијата го осуди терористичкиот напад на Хамас од 2023 година, ја усвои дефиницијата со која критикувањето на Израел се изедначува со антисемитизам и ја призна „историската поврзаност на еврејскиот народ со Јудеја и Самарија“ (библиското име за Западниот Брег).
  • Еврејската заедница во Австрија ја отфрла FPÖ поради политичките корени на партијата. Нејзиниот прв лидер, Антон Рајнталер, беше поранешен нацистички функционер и офицер во единиците СС.
  • Во 2000 година, кога партијата првпат влезе во австриската влада, Израел во знак на протест го повлече својот амбасадор и го намали нивото на дипломатските односи.
извор

Родителите на судијата Ристов со земјоделие и плетење го полнеле ѕидот

8 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • „Нема шанса“, одговори Здравко Ристов, татко на судијата Ѓоко Ристов, откако обвинителката го соочи со резултатите од вештачењето, според кои на пронајдените пари не биле пронајдени биолошки траги од него или од неговата сопруга.
  • Постариот Ристов тврди дека парите пронајдени во семејната куќа во Неготино се негова и заштеда на сопругата, создадена со повеќедецениска земјоделска работа.
  • Мајката на судијата, пак, рекла дека мажот печалел пари но и таа плетела, и до два-три часот по полноќ.

  • Обвинителката Искра Хаџи Василева изјави дека сведочењата на неговите родители не се поткрепени со останатите материјални и други обезбедени докази.

  • „Маргината на веродостојност и емоции е јасна – станува збор за родители и дете“, рекла таа.

  • Одбраната на апелациониот судија за сведок го повика и кримтехничарот кој вршел увид и според неговото сведочење, не бил доследно спроведуван протоколот за вакви случаи, што одбраната ќе го искористи за да го убеди судот дека билошките докази од лице место се компромитирани. 

извор

Инклузивноста им го украде Божиќ на деца во Шкотска

8 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Основно училиште во Шкотска ги преименува традиционалните божиќни честитки што ги изработуваат децата во „зимски честитки“, согласно национална иницијатива за инклузивност.
  • На децата им се остава можност да ги нарекуваат честитките „божиќни“ само по сопствена желба, иако тоа не е официјалното име.
  • Во идеолошката насока до наставниците од училиштето „Кејмхил“ во Абердин се истакнува дека на овој начин се изразува „вреднување и почит кон различните култури, верувања и традиции“.
  • „Божиќ не е забранет збор. Родителите и наставниците треба да се погрижат да не биде истиснат од секојдневниот училишен живот. Ваквите одлуки многу повеќе поттикнуваат поделби отколку што ги обединуваат луѓето“, забележа Анџела Рос, пратеничка во шкотскиот парламент.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Женска лојалност

Балканштина
2

„Само една пијачка“

Македонштина
3

Нашиот Брус од Торонто

Македонштина
4

Јанакопулос: „Вратете ја ЦСКА, тие, Панатинаикос и Реал Мадрид се европска кошарка“

5

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Бизнис
6

Илегалното преминување на Ла Манш за жените значи силување

Свет
7

Далеку е тоа за стоката

Македонштина
8

Бугарија ненадјебива

Балканштина
1

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Бизнис
2

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Свет
3

Илегалното преминување на Ла Манш за жените значи силување

Свет
4

САД воведуваат високи такси за вработување странски студенти

5

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Разно
6

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Занимливости
7

Инклузивноста им го украде Божиќ на деца во Шкотска

8

Родителите на судијата Ристов со земјоделие и плетење го полнеле ѕидот

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Женска лојалност

Македонштина

„Само една пијачка“

Балканштина

Бугарија ненадјебива

Македонштина

Далеку е тоа за стоката

Балканштина

На ова бесплатно здравство во ЕУ мислеа?

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Берберско алиби

Што вака подуени?

Koга Бетовен го сретна Гете

МКЦ некогаш

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy