Израел - Хезболах, тотална ескалација
20 септември 2024
- Либанските здравствени власти соопштија дека најмалку осум лица се убиени а 59 повредени во израелскиот напад на Бејрут.
- Либанскиот премиер Наџиб Микати рече дека нападот покажува дека Израел не ферма никакви хуманитарни, правни или морални правила
- Израел соопшти дека мета на нападот бил водачот на операциите на Хезболах, Ибрахим Акил.
- Ројтерс јави дека Акил е убиен, со него настрадале и други од врвот на Хезболах, поточно од елитната единица Радван со кои имал состанок. Тоа значи дека раководството на Хезболах во моментов е обезглавено.
- Пред да биде нападнат Бејрут, Хезболах од либанска територија истрелал 140 ракети врз Израел.