Израел фатен на спиење, голем пропуст на разузнавачките служби
- Ненадејниот напад на Хамас врз Израел е колосален неуспех на израелските разузнавачки служби, изјави експертот за безбедност на Би-би-си, Френк Гарднер.
-
Израел има најраспространета и најсофистицирана разузнавачка мрежа на Блискиот Исток.Има информатори инфилтрирани во милитантни групи не само на палестинските територии, туку и во Либан, Сирија и на други места.
-
Некогаш ликвидираа водачи на милитантите со прецизни напади од беспилотни летала или дури и со мобилни телефони со експлозив. Овојпат Хамас успеа да смисли и изведе огромна воена операција без да запали ни едно црвено ламбиче во Мосад и другите агенции.
-
Биби Нетенјаху рече дека Израел е во војна и порача дека непријателот ќе добие казна каква што досега не видел. И почна да рамни со земја:
- На некои им е сомнителна целата ситуација:
„Служев 25 години во разузнавањето на израелската одбрана. По мене, нема никакви шанси Израел да не знаел што се подготвува. Нешто е многу погрешно во сето ова.“
- Нема крај на страдањата во овој проблематичен дел од планетата. Првенствено затоа што ситуацијата е натопена со долгогодишна омраза: