Премиерката Џорџа Мелони побара Шпанија итно да биде суспендирана од Шенген зоната за патување низ ЕУ без визи, откако илјадници мигранти извршија инвазија врз шпанската територија Сеута на брегот на Африка. Ги опиша како „шокантни“ снимките како илјадници луѓе, претежно млади мажи, пливаат до брегот на Сеута и се префрлаат преку границата од Мароко во Шпанија.
Локалните шпански власти објавија дека во хаосот загинале најмалку 18 мигранти. Според официјални извори, границата нелегално ја преминале над 1.500 луѓе, но репортери од Сеута јавија дека пристигнале најмалку 5.000 мигранти.
„Сликите од Сеута покажуваат како одлуката на владата на Мадрид да им додели шпанско, а со тоа и европско, државјанство на над 500.000 нерегуларни имигранти е длабоко погрешна и поттикнува трговија со луѓе“, претходно објави шефот на дипломатијата Антонио Тајани.
Вицепремиерот Матео Салвини повика на привремено суспендирање на целата Шенген зона, во која се 29 европски земји.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Луис Албарес, го обвини Рим дека ја користи имиграцијата како оружје за политички цели. „Од партнерска и пријателска земја очекуваме европска солидарност, а не партиска демагогија“, порача Албарес.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.