Техеран ја обвини Европската Унија дека ја напуштила својата правна и политичка независност со тоа што се согласи со американските санкции против Иран. Ги предупреди земјите-членки дека ќе се соочат со последици.
„Се чини дека ЕУ под американска принуда го предаде својот суверенитет, своите закони и прописи, своите вредности и својата етика“, објави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Исмаил Бакаи.
Во 2018 година, како одговор на американските секундарни санкции за Иран, Брисел усвои Статут за блокирање, со кој отвори посебен канал за плаќање за да ја одржи трговијата со Иран.
Осум години подоцна, Техеран бара од Европа да се придржува до сопствените правила.
„Европската Унија не може да го поддржи економскиот тероризам на Вашингтон против Иран, а истовремено да тврди дека работи кон деескалација и воспоставување регионална стабилност“, додаде Бакеи.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.