- Името на поткастот е истовремено и прецизен, и по малку ироничен. Која е границата помеѓу обичното и необичното, документарното и фиктивното? Секојдневието е толку полно со изненадувања, а животните приказни на оние околу нас знаат да бидат толку сочни и живописни, што не би можел да ги смисли ни најталентираниот писател.
- Најинтересно е кога не ги знам соговорниците, кои истовремено е тешко да се пронајдат. Таков беше случајот со некогашните деца од цела Македонија, кои во 1965 година биле осмо одделение и оставиле свои состави во книга под наслов „Сакам да бидам“. За нивно лоцирање беше потребна цела Ексел табличка и мрежа „информатори“.
- Најубаво би било слушателите и самите да се обидат да станат автори и да го искористат овој навистина демократски и технички едноставен медиум. Притоа, многу е важна мотивацијата – не лајкови и шерови, туку „зошто ми е важно ова да го раскажам?“.
- Претседателот Абдел Фатах Ел-Сиси го инаугурира новиот комплекс на Стратешката команда на Египет, познат како „Октагон“, кој по површина е речиси девет пати поголем од Пентагон во Вашингтон.
- Комплексот ќе служи не само како воен штаб, туку и како интегриран цивилно-воен центар за управување со кризи, борба против сајбер закани и војување од четврта и петта генерација.
- Вградени се напредни комуникациски мрежи и компјутерски систем со ВИ за анализа на големи бази на податоци и донесување одлуки.
- Објектот е дел од мегапроектот за изградба на Новиот административен главен град во пустина источно од Каиро, во кој постепено треба да бидат префрлани државни институции за да се растовари главниот град со 10 милиони жители.
- Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
- „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
- Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
- „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.