- Моџтаба Хамнеи, 56-годишниот син на Али Хамнеи, е избран за нов врховен лидер на Иран. Илјадници поддржувачи на Исламската Република синоќа по полноќ масовно излегоа на улици за да му изразат поддршка.
- Изборот на најтврдокорниот од потенцијалните кандидати за наследник на Али Хамнеи укажува дека Иран нема да попушти во војната. Покрај тоа што важи за искусен политичар со големо влијание врз елитните кругови во Техеран и врз Револуционерната гарда, Моџтаба е и заколнат непријател на САД и на Израел, а има и личен мотив да го одмазди семејството – покрај неговиот татко, во нападите беа убиени неговата мајка, сопругата и синот.
- Аналитичари укажуваат дека Моџтаба зад завесите тивко управувал со надворешната политика на Техеран и со нуклеарната програма, благодарение на силната поддршка од помладите и порадикални генерации во Револуционерната гарда.
- Роден е во Машхад, учел а потоа и предавал во конзервативно шиитско училиште, како момче учествувал во војната со Ирак, но не бил на ниту една функција и ретко ѝ се обраќал на јавноста.
- Доналд Трамп се закани дека ако новиот ирански лидер не биде по негова волја, тогаш „нема да трае долго“.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.