Холандија ќе затвора 3.000 функционални фарми за да угоди на зелената агенда
29 ноември 2022
- Холандската влада планира да откупи па да затвори до 3.000 фарми, за да биде во согласност со препораките за заштита на животната средина на Европската унија.
- Фармерите имаат опција доброволно да ги затворат фармите, а во спротивно владата ќе почне со присилен откуп во кој ќе им биде понудена цена од 120% над реалната вредност на имотот.
- На фармите во Холандија им се припишува речиси половина од загадувањето со азот, а националната агенција за животна средина предупреди дека биодиверзитетот во државата опаѓа побрзо во споредба со другите земји во Европа.
- Претходните вакви агенди и обиди на холандската власт беа пречекани со масовни земјоделски протести и блокирање на целата држава.