Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Гуевски тврди дека Заев им предавал аудио-материјали на Бугарите

30 август 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Проблемите и влошувањето на нашите позиции почнаа кога се појави Заев и почна да пушта јасни сигнали на негова подготвеност за капитулација доколку му биде овозможено да стане премиер. Кога како претседател на СДСМ почна пешки да ја преминува границата со Грција, а подоцна со замина во Бугарија, каде на тамошните власти им предаде аудио материјали од разговорите на македонскиот државниот врв по прашањата поврзани со Бугарија (просто неверојатно!!!), со цел да им ги открие сите наши стратегии и планови во нашите односи и разговори, а истото го направи и со преставници на други земји“, пишува Никола Груевски на Фејсбук.
  • „Ова не го претпоставувам туку го знам лично од некои нив, кои отворено се фалеа со неговата блискост и добиен материјал“.
  • „Проблемите очигледно почнаа кога раководството на СДСМ сфати дека со тој човечки потенцијал и капацитет кој тогаш го поседуваа, а особено лидерот, со нивните политики и неспособност, нема да може уште долго да го победи ВМРО-ДПМНЕ и одлучија да фатат еден друг пат, кој нè дотера до ова денес. Се разбира, тоа меѓународно беше добро пречекано, иако можам да замислам, поточно знам што и тие луѓе – високи преставници на држави наши сојузници во себе мислеа за такви политичари, но сепак иако го знаеја нивниот капацитет и коруптивни мотиви кои подоцна се потврдија, ги поддржаа, бидејќи во тој момент им беа корисни”, пишува Груевски.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Самоил и дупките

Балканштина
5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Изумителот на „Лајк“ си става забрани за интернет

Самрак на Боговите

Ние бевме покрупни

Нешто нејасно?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy