- Грција е станата новиот центар за претоварање руска нафта од брод на брод, која овозможува руските трговци и понатаму лесно да извезуваат и наплаќаат нафта.
- Иако трговијата со руска нафта се уште не е забранета во Унијата, олеснувањето што Грците им го даваат на Русите се однесува на банкарските и финансиски блокади, и начинот на плаќање за истата таа нафта.
- Во април испораките на руска нафта на која крајна дестинација била Грција, најчесто пристаништето Каламата, биле два пати поголеми отколку во март, а за мај се очекува нов рекорд.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.