Вести › Набрзинка
Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.
АНБ со мирис на УДБА
- „Агенцијата за национална безбедност, во соработка со МВР и Обвинителството, спроведе истрага за пропагандна мрежа која, според Агенцијата, дејствува во функција на руските интереси“.
* Бедно и предавнички е да се работи во функција на кои било странски интереси ама дали руските имаат посебна предавничка тежина? Ене го, УСАИД уште не е оладен, не можело и за тоа истрага да се спроведе?
- „Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани...“
* Дозволени се само официјални наративи на актуелни настани а нивно „преобликување“ е рамно на извртување на божји наративи? Ако е така, каде да ги прочитаме дозволените наративи?
- „Агенцијата порача дека ќе продолжи со откривањето и спречувањето на пропагандистичките активности кои ги поткопуваат евроинтегративните процеси на земјата“.
Една од најмоќните владини агенции е спрегната да им дише во врат на сите кои не се одушевени од евроинтегративните процеси? Има ли АНБ досиеја за сите оние кои се неутрални, кои навиваат за БРИКС, за конфедерација со Кина, Мароко или Виетнам?
п.с. Не заболе нас патка за руски и други странски интереси, но сме дебело засекирани што постои Агенција која вака знае вака да се постави во однос на слободата на мислењето и изразувањето. Бидејќи со мислење и изразување се занимаваме.
Јебале вас „наративи“.