Герасимов, нов генерал на руските сили во Украина, Суровкин оди во позадина
13 јануари 2023
- Првиот човек на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, е новиот командант на целата руска воена операција во Украина, а Сергеј Суровкин иако ја губи водечката позиција во Украина, останува одговорен за руската авијација што учествува во војната.
- Суровкин на првата позиција во Украина издржа нешто ситно повеќе од 3 месеци.
- Откако Суровкин беше назначен за командант на сите руски сили во Украина, руската војска почна со засилените воздушни напади на украинската инфраструктура и градови.
- За време на неговото командување се случи еден од најголемите порази на Русија, кога руската војска целосно се повлече од Херсон.
- По ново, Герасимов како главен командант на руската операција ќе има тројца помошници. Освен Суровкин, другите двајца се генерал Олег Салјуков, кој ќе биде командант за пешадијата, и генерал-полковник Алексеј Ким.