Франција ги засили граничните контроли кон Шпанија
31 јули 2026
- Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез наредил засилени контроли на границата со Шпанија, поради стравувањата од прелевање на бранот од илјадници мигранти кои во изминатите неколку дена нелегално се префрлија од Мароко во шпанската територија Сеута.
- Како поддршка на граничната контрола, Франција мобилизирала локални полициски сили и воени единици и е во постојан контакт со шпанските власти за да се следи развојот на ситуацијата. „Мобилна единица е на должност деноноќно“, изјави Нуњез.
- Десничарските лидери Марин ле Пен и Бруно Ретајо го повикаа Париз да до суспендира шенгенскиот систем, да воведе гранични контроли и да овозможи слободно движење само на државјани од членки на ЕУ. И италијанската премиерка Џорџа Мелони претходно побара Шпанија да биде суспендирана од Шенген зоната.
- Мадрид веќе испрати воени единици на Сеута, но ситуацијата во енклавата со 85.000 жители и денес е хаотична. Толпи мигранти напаѓале продавници, а локалните жители излегоа на протестни маршеви.