- Високи претставници на САД и на Украина утре во Женева ќе почнат разговори за планот на Трамп за крај на војната во Украина. На разговорите ќе учествуваат и претставници од ЕУ, Франција, Британија и Германија.
- Почнуваме консултации за одредбите од идниот мировен договори, порача на Телеграм секретарот на украинскиот Совет за одбрана Рустем Умеров.
- Главен преговарач ќе биде Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски. Во делегацијата е и Кирило Буданов, шефот на воената разузнавачка служба.
- Секретарот на Армијата на САД, Даниел Дрискол, веќе пристигнал во Женева. Утре ќе му се придружат државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.
- Европските лидери денеска испратија заедничка изјава во која го поздравуваат планот на Трамп како добра основа за крај на војната во Украина, но забележаа дека е неопходно „да се разработи“.
- Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро бил спроведен во федерален затвор поради стравувања дека планира да побегне од домашен притвор.
- Симпатизери на Болсонаро оваа вечер организирале ноќно бдеење пред неговиот дом во Бразилија, за кое не добиле дозвола од властите.
- Судијата Александре де Мораеш изјави дека е откриено нарушување на дигиталната алка, која Болсонаро мора да ја носи додека е во домашен притвор. Тоа е протолкувано како сигнал дека планира да избега.
- Болсонаро во септември беше прогласен за виновен за планирање државен удар, откако ги изгуби претседателските избори во 2022 година. Му беше изречена казна од 27 години затвор, но беше дозволено да остане во домашен притвор додека не го исцрпи правото на жалби.