- Европскиот парламент ја усвои шемата што им дозволува на жени од членки што забрануваат абортуси бесплатно да прекинат бременост во други членки на ЕУ.
- Од буџетот ќе биде издвоен посебен фонд за да им се помогне финансиски на жени од земји со строга забрана, како Малта и Полска, да ја прекинат бременоста во полиберални земји, како Франција, која правото на абортус го вгради како уставно гарантирана слобода.
- Предлагачите на законот истакнуваат дека мерката ќе придонесе за намалување на ризикот од тајни абортуси во небезбедни услови.
- Критичарите велат дека Брисел се меша во националните закони и ги загрозува традиционалните христијански вредности.
- Одлуката на Европскиот парламент, изгласана со 358 наспроти 202 гласа, е само препорака до Европската комисија, која во март треба да реши дали ќе донесе соодветен закон.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.