- Една од првите казни за Русија за почетокот на војната беше гасење на речиси сите нејзини банки од СВИФТ системот за глобално плаќање. Сега ЕУ би требало да ја ревидира оваа одлука во замена за руска согласност за продолжување на договорот за извоз на украинско жито.
- Според предлогот руската Земјоделска банка ќе треба да основа подружница која ќе треба да ги обработува плаќањата поврзани со извозот на житарки, што ќе и биде дозволено да го прави преку до сега блокираниот СВИФТ.
- За луѓето што работат на преговорите, ова е „најмалку лоша опција“ за да се убеди Путин да го дозволи продолжувањето на договорот.
- На 17 јули истекува глобално важниот договор со кој се дозволува украинското жито, кое покрива голем дел од глобалната потрошувачка, да биде извезено низ цел свет.
- Десетици домородци од амазонските племиња насилно упаднаа во зградата во која се одржува глобалниот климатски самит КОП30 во бразилскиот град Белем, протестирајќи против земјоделците и индустријалците што ги загрозуваат нивните заедници и им ја уништуваат природата од која живеат.
- Воинствените демонстранти се судриле со обезбедувањето, при што имало и повредени, но биле спречени да се пробијат до главната сала во која биле високите светски претставници.
- „Нашата земја не е на продажба. Не јадеме пари. Сакаме нашите земји да бидат заштитени од агробизнисот, црпењето нафта, нелегалните рудници и сечата на дрвја“, порача претставник на локалното племе Тупинамба.
- Токму заради самитот КОП30 бразилските власти ја осакатија Амазонската прашума. Десетици илјади хектари заштитена шума беа жртвувани за да се изгради автопат од 13 километри од аеродромот во Белем до конференцискиот центар.
- Француските пратеници го отфрли владиниот предлог за задолжително вакцинирање против грип на медицинскиот персонал и здравствени работници што се повеќе изложени на вирусот.
- Слободата на избор за вакцинирање е основен принцип. Треба да ги убедиме луѓето да се вакцинираат, а не да ги принудиме на тоа, изјави пратеникот Кристоф Бенц од опозицискиот Национален собир.
- Левичарската опозиција ја пофали стапката на вакцинирање против грип од 82% во домовите за стари лица, но забележа дека во законот не е дефинирано што ќе се прави со оние што не сакаат да примат вакцина. „Какви ќе бидат последиците? Дали ќе мора да бидат отстранети од домовите?“, забележа Адриен Клуе од ЛФИ.
- Задолжителната вакцинација против грип за „критичните“ групи беше предвидена со предлог-буџетот за 2026 година.