По повеќемесечно натегање, прегласување и политички игри во Брисел, ЕУ го усвои привременото продолжување на контроверзниот закон за скенирање на приватни онлајн пораки.
Законот Chat Control ќе важи до 3 април 2028 година. На платформите им се дозволува доброволно да ги скенираат пораките со цел да откријат и да пријават материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца.
Граѓански организации и активисти за дигитални права предупредуваат дека секоја форма на масовно автоматизирано скенирање на приватните разговори создава опасен преседан за надзор на граѓаните.
Законот го поддржаа 25 членки на ЕУ. Холандија беше воздржана, а единствено против беше Полска, која традиционално има многу цврст став против мерки за надзор врз комуникациите, сметајќи дека тие ја нарушуваат приватноста и правото на тајност.
Целосно заштитени од проверка ќе останат само комуникациите преку платформите што користат шифрирање од крај до крај (end-to-end encryption), како WhatsApp или Signal.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.