„Време е по 5 години да се сменат патоказите во Грција кои водат кон држава која не постои“, советува мудриот Зоран Заев за државата која се викаше Македонија пред тој да ја одработи задачата таа да не постои.
На Дон Заев и на неговиот Санчо Панса (некаде познат и како Никола Димитров) не им текна ова прашање прецизно да го дефинираат во капитулантскиот договор во кој прецизно беа дефинирани обврските на поразенатта страна за промена на име, документи, организации, институции...
Полскиот маратонски пливач Бартломеј Кубковски стана првиот човек во историјата што го препливал Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска.
Во неделата навечер, исцрпениот Кубковски исправен излегол на плажата во градот Ѓивнув, на полскиот северен брег, откако во петокот влегол во морето од Касеберга во Шведска.
Растојанието од над 160 километри го пливал 56 часа. Не спиел и не го допрел чамецот од кој добивал храна и течности.
Ова бил петтиот обид на Кубковски да го преплива Балтикот. За потфатот собра донации од над 715.000 злоти (166.000 евра) за лекување деца болни од рак.
Во исто време, но по друга делница од 172 километри, од Шведска до Полска пливаше и Каролина Шчепањак, но мораше да се откаже по 58 часа во студеното море. Во својата кампања таа собра донации од 470.000 злоти за лекување на 14-годишно момче.