- Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадите на САД, Германија , Франција, Холандија и Белгија, мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје , Стејт Департментот и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории - Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.
- Лога во писмото вели дека ваквите најави се неприфатливи „не заради одбрана на поединци во овие органи, туку за независноста и непристрасноста на овие институции“.
- Кренар Лога беше министерот кој смисли генијално решение во извод од матично да има и графа за етничка припадност. Да останеше на власт може ќе дополнеше во изводот да стои и за кој фудбалски клуб навива лицето.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.