Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ед Ширан фатил ковид седум пати

27 март 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Англискиот кантавтор имаше лоша 2022 година во која му почина најдобриот другар Џамал Едвардс а стигнаа и лоши вести за неговата сопруга Чери Сиборн на која ѝ беше дијагностициран тумор додека беше бремена.
  • Попат и самиот не бил поштеден од здравствени проблеми бидејќи закачил ковид дури седум пати.
  • Верува дека тоа му е од постојаните патувања и сега гледа да живее посмирено и да биде повеќе време со жената и двете деца.
  • За Ролинг Стоун изјави дека има и проблеми со јадењето. Кога се споредувал со колеги како Џастин Бибер и Шон Мендез, од завист се прашувал зошто тој нема такви стомачни, ама му текнало дека е тоа така затоа што сака пиво и донери.
извор

Такер Карлсон: Нè чека голема војна

12 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Нападот на Венецуела и грабнувањето на Мадуро го сменија статусот на САД од изминативе 120 години: Сега Америка и отворено се смета за империја. Била таа тоа и претходно, само што сега го признава тоа.
  • Досегашните воени интервенции по светот беа објаснувани со наративи за човекови права и демократија. Трамп не гледаше потреба од тоа, тој ја нападна Венецуела просто затоа што „е во наш интерес.“
  • „Има нешто охрабрувачко и освежувачко во тоа што некој конечно ја кажува вистината за тоа зошто го правиме она што го правиме. Претседателот апсолутно ја кажа вистината, и тоа е добро“, вели Карлсон.
  • Напуштањето на републиката и преминувањето во империја е познат животен циклус за цивилизациите и затоа се знае што ќе се случи. Првото нешто е дека моќта ќе биде во извршната, а не во законодавната власт. “Конгресот неизбежно ќе исчезне. Веќе е така“.
  • Но откако ќе кажете дека ја грабаме Венецуела затоа што сме вознемирени што продаваат нафта на Кинезите или другите ривали, тешко е да тврдите дека Русија не треба да ја интересира Украина. Тешко е да се прекори Путин што упаднал во Украина. 
  • „Претседателот објави дека го зголемува буџетот на Пентагон од 1 трилион на 1,5 трилиони. Тоа не е буџет за мировни операции. Тоа е воен буџет, огромен воен буџет. Сите знаци сугерираат дека наскоро ќе имаме голема војна. Голема војна. Наскоро. Се надевам дека нема да се случи, но очигледно се движиме во таа насока кон светска војна. Жал ми е“.

 

извор

Погодете кој ќе копа литиум во Украина?

12 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Украина го предава развојот на големото наоѓалиште на литиум Добра во регионот Кировоград на конзорциум во кој инвеститор е и Роналд Лаудер, близок пријател на американскиот претседател Доналд Трамп.
  • Надлежната комисија веќе донела таква одлука која наскоро треба да биде одобрена од Кабинетот на министри.

  • Друг инвеститор таму е енергетската компанија TechMet, која е делумно во сопственост на инвестициска агенција на американската влада формирана за време на првото претседателство на Трамп.

  • Роналд Лаудер е милијардер (4,7 милијарди долари) и голем донатор на Републиканската партија. Со Трамп се пријатели уште од студентски денови. Тој е и наследник на козметичката империја „Ести Лаудер“, основана од неговите родители, Ести и Џозеф Лаудер. 

  • Се спомнува и како човекот кој на Трамп му ја има сугерирано идејата за набавка на Гренланд. 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Њујоршки оглас на денот

Балканштина
2

Македонштина на 4 нозе: Автоперална во ГеГе

Македонштина
3

Шефе, како да го брендираме мајонезот?

Македонштина
4

Гаси цигарата, стоко со жолти заби!

Мислења
5

Иран? Не се знае

6

Министерство за анонимни работи

Македонски рулет
7

Такер Карлсон: Нè чека голема војна

8

Прилеп, чекаш да пукне и првиот куршлус?

Македонштина
1

Такер Карлсон: Нè чека голема војна

2

Гаси цигарата, стоко со жолти заби!

Мислења
3

Иран? Не се знае

4

Погодете кој ќе копа литиум во Украина?

5

Подобро голема европска војска отколку 27 бонсаи-армии

Свет
6

Аденауер на 150

Мислења
7

Германија бара „Арктички стражар“ на НАТО во Гренланд

8

Трамп сака Хамнеи да падне како Мадуро или Милошевиќ

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Македонштина на 4 нозе: Автоперална во ГеГе

Балканштина

Во Битола би го викале Божо Трофазнио

Македонштина

Шефе, како да го брендираме мајонезот?

Балканштина

Њујоршки оглас на денот

Македонштина

Прилеп, чекаш да пукне и првиот куршлус?

Македонштина

Дечкото кој за грдна пара го донесе Дино Мерлин

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Fakers gonna Fake

Од тетовскиот грав до врвот на швајцарската кардиохирургија

Женски шовинистички свињи

Гесло на една надворешна политика: Сакале или нејќеле

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy