Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Бански двори го прими американскиот актер Џон Малкович за да му честита за стекнувањето хрватско државјанство и да му каже дека на државата ѝ е драго што тој не ги заборава и ги негува хрватските корени.
Неговите прабаба и прадедо, во 1913 година имаат емигирано во САД од градот Озаљ во Карловачката жупанија.
Малкович има глумено во преку 70 фимови, двапати е номиниран за Оскар а трипати за Златен глобус.
Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.