Џевахир оставен на ладно
21 декември 2022
- Во моментов двете кули, А и Б од комплексот Џевахир во населба Аеродром веќе цела недела се со исклучено броило на системот за греење, ладење и топла вода. Исклучено од ЕВН поради 3 неплатени сметки за истото. Околу 600 семејства се оставени да се смрзнуваат во зимо и да немаат топла вода затоа што истата е поврзана со ХВАЦ системот и станарите немаат болјери во становите. И не смеат да стават без одобрение од инвеститорот.
- Системот за греење и ладење кој е поставен во кулите А и Б на станарите при купување на становите им беше претставен како најекономично решение, кое заштедува многу средства во домашниот буџет за таа намена. За многумина, една од причините да купат стан токму тука.
- "Економичниов" систем во кулите А и Б е поставен на едно единствено броило за цела зграда! При купување на становите беше кажано дека ќе има систем за централно греење и ладење, но воопшто не се спомна дека истиот ќе биде на едно броило за цела зграда. Со софтвер за интерна распределба на потрошувачката по станови а никој од станарите нема увид во начинот на распределба, само си добива фактура.