- Поранешниот вицепремиер Артан Груби (ДУИ) и неговиот кадар во АД Државна Лотарија на Македонија, Перпарим Бајрами се спремаат да извлечат близу 6 милиони евра пред промена на власта, местејќи уште еден тендер да го дoбие фирмата преку која ги местеа и сите досегашни тендери и со која постојат испреплетени сопственички поврзаности, дознава Вечер.мк од извори во АД Државна Лотарија на Македонија.
- Накратко, кадрите на Артан Груби распишуваат тендер кој треба да го добие компанија што е сопственик на Државна видеолотарија во чиј Надзорен одбор решаваат токму истите тие кадри: Перпарим Бајрами и Башким Авдији.
- Американците имаат сè понегативни ставови за Израел и за премиерот Бенјамин Нетанјаху, според новото истражување на центарот Пју. Анкетата спроведена во март покажува дека 60% од возрасните во САД имаат неповолен став за Израел, во споредба со 53% минатата година.
- 28% од возрасните Американци имат „многу неповолен“ став за Израел. Тоа е за 9% повеќе од лани и речиси тројно повеќе отколку во 2022 година.
- Впечатлива е разликата во довербата на републиканците за политиката на израелскиот премиер. Меѓу оние на возраст над 50 години, 58% се убедени дека Нетанјаху носи правилни одлуки, а од помладите му веруваат само 30%.
- Повеќе од половина од Американците (55%) немаат доверба дека претседателот Доналд Трамп прави добри одлуки кога станува збор за односите меѓу САД и Израел. Овој процент е речиси непроменет од август 2025 година.