Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Дoјде време Цивил да пишува за медиуми на кратко јаже

14 април 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди омаловажувачкиот однос и нападот кон новинари на лична основа во објавата на Civil Media со наслов: ,,Медиумите на кратко јаже со центарот на лагите”. Авторот на текстот Љубомир Костовски, на непристоен начин го коментира личниот изглед и стилот на облекување на новинарот од ТВ24 Сунаи Сабриоски, а притоа прави обид за негова дискредитација и на медиумот во кој тој работи.
  • Освен ова, Костовски во својата објава додава:  „Другите телевизии даваа граѓани кои едноставно оделе во Тинекс и други шопинг центри каде цените – јасно кажаа – се замрзнати. Е, тоа е разликата која чисто покажува дека ТВ 24 е најизразениот идеолошки јаничар на овдешната ТВ сцена“.
  • "Јас ја разбирам намерата на медиумот да објавува и да охрабрува напади и хајки врз новинари и на други медиуми кои не се вклопуваат во неговата политичка агенда. Во неколку наврати и самиот бев на отстрел на колумнистите на овој медиум, во написи полни со клевети и навреди. Велам, ја разбирам таа "уредувачка политика", бидејќи многу добро знам кој и зошто ги оркестрира тие хајки и ги маскира под превезот на божемна битка против лажните вести и слично. Па сепак... Сунаи Сабриоски е премлад за да биде нападнат вака подло, со вакви нискости какви што не очекував од Костовски", коментира Бранко Героски.

  • "Да ме коментираше Цаци Паковска ќе разберам бидејќи жената има кредибилитет за тоа но овие од Цивил покрај со новинарство ете се занимавале со "модна критика"?! Пазете кој нашол да зборува за наменско новинарство!", прокоментира Сабриоски.

     

извор

500 француски школи се затворени поради протестите

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 500 средни училишта во Франција се затворени заради протестите на учениците во нивните лицеи кои минатите денови знаеја да бидат и насилни. 
  • „Безбедносните услови не се исполнети“ гласи официјалната причина за неработењето, особено што за утре се најавени и помасовни протести. 
  • 24 училишта биле запалени или ограбени а 78 вработени  повредени од почетокот на протестите.
  • Тинејџерите од француските средни училишта се жалат на чести отсуства од работа од страна на наставниците, предолги училишни денови и дотраени објекти. Тие протестираа и поради недостатокот на соодветно ладење во жешките летни денови.
извор

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во еден од становите на пониските катови живее една мајка со нејзините два сина. Таа е одамна изморена, со длабоки бразди околу очите и раце што ги носат сите белези на десетлетија поминати во грч. Мајка која предолго молчи и премногу простува.
  • Едниот син, љубимец на одамна починатот татко, е локалниот маалски лик. Фаворизиран, а всушност полуписмен, но неверојатно гласен.  Другиот син е негов антипод. Тивок човек, грижлив, трпелив и необично мудар за своето време.

  • На најгорниот кат, во пространиот, совршено осветлен пентхаус, живее еден Господин. Води ексклузивен, привилегиран социјален клуб за одбрани станари. Сака сите станари од зградата конечно да станат дел од тој клуб, за да се создаде една „елитна заедница“, отпорна на провинцијализам и мирис на евтина кујна.
  • Господинот е врвен пресметлив манипулатор. Проценувајќи го секој стан одделно, тој прави непогрешлива дијагноза и за ова семејство. Истрајниот, син е премногу горд и проницлив, не подлегнува лесно на уцени, заклучува тој. Затоа, својата стратегија ја насочува кон попречниот, плиток и поткуплив син, зависникот.
  • Господинот знае дека корисниот идиот е најкорисен кога не е свесен за сопствениот идиотизам па затоа смислено го велича, му подидува и го бодри.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Самоил и дупките

Балканштина
2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
4

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
5

Мирисот на Мосад

Разно
6

Поетски толкувања

Балканштина
7

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
8

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

Америка ги повлече сите свои бомбардери од Британија

8

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Паљото како Bear Grylls

Браво за кумот

Додека ние сме живи, и додека тие се живи, вака:

Во чест на зрелите жени

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy