- Големи донатори на американската Демократска партија паузирале ветени 90 милиони долари во обид да издејствуваат Бајден да ги послуша апелите да не се трка по втор пат за место во Белата куќа.
- Ова е досега најконкретен потег во таа насока после дебатниот дебакл на Бајден во првото соочување о Доналд Трамп.
- Во меѓувреме, високи кругови во партијата наголемо ги тестираат шансите на алтернативните кандидати за претседател како што се Камала Харис, Гавин Њусам од Калифорнија или Гречен Витмер од Мичиген а во игра сè уште е и Хилари Клинтон.
- Швајцарците со убедливо мнозинство од 70% гласаа на референдум против построго толкување на политичката неутралност на нивната земја. Ова ѝ овозможува на владата да ги следи одлуките на ЕУ за санкции, како на пример против Русија.
- Швајцарија е неутрална од 1516 година и тоа го вгради во Уставот во 1848 година.
- Иницијативата „Зачувување на неутралноста“ бараше владата да не може да воведува економски санкции, освен оние одобрени од Советот за безбедност на ОН, ниту да соработува со НАТО или кој било воен сојуз, освен во случај на напад.
- Министерот за надворешни работи Ињацио Касис изјави дека неутралноста на Швајцарија отсекогаш била „флексибилна“ до одреден степен. „Неутралноста не треба да се поистоветува со рамнодушност. Швајцарија не смее да врти глава на страна кога се крши меѓународното право, дури и заради заштита на сопствените интереси или мирот“, изјави министерот.
- Кога сме кај Нордистан, видов наслов – ќе се градат четири трговски центри низ државата.
- Светот упорно инсистира на војна, ама вистинска, со војски, фронтови и нуклеарна ерекција. Некои велат дека третата светска војна веќе почнала, сега засега на одредени точки на планетата, со тенденција да се прошири и да стане глобална заебанција. Британија им порача на своите граѓани да складираат храна, затоа што војната наближува. Естонија со својата моќна неколкуилјадна армија ѝ се закани на Русија дека ќе ја столчи за 48 часа.
- И Балканот се вооружува, патем токму сега некому му текна да крева меѓуетничка тензија, а секому му е јасно дека во такви случаи кај балканските народи многу брзо расте воената ерекција за сметка на брзиот пад на природната интелигенција.
- А Македонија – опкружена со аздисани соседи спремни веднаш да ни ја распарчат приказната, затоа што секогаш нè гледале како дел од својата територија? Јасно е дека ќе станеме дел од моќната нордистанско-естонска ударна бригада и сите херојски ќе загинеме пред да стигнеме на фронт, од настинки поради студот – мултивитамините сигурно ќе ни бидат со истечен рок – па ќе ги оставиме Естонците сами да ја прегазат Русија.