- „Поранешниот секретар на Владата Мухамед Зеќири – Муки изгледа го напушти СДСМ и премина во ДУИ и Европскиот фронт. Обезбедени се фотографии на заеднички ифтар каде што се гледа Муки со функционери на ДУИ“, објавил информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.
- Во 2019 година, Мухамед Зеќири како пратеник и потпретседател на СДСМ има кажано: „ДУИ е канцерот на македонското општество! Тотално се делегитимирани и како партија се наоѓаат во слободен пад!“
- „Што повеќе и подолго ‘шуруваме’ со нив, толку поголема штета ќе трпиме како партија,“ мислеше тогаш Зеќири.
- Со првостепена пресуда тој е осуден на 2,5 години затвор, а ќе треба и да врати околу 1,1 милион евра во буџетот. Тој беше обвинет дека во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147 илјади евра повеќе од претходно договорените 795 илјади евра.
- Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
- Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
- Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз.
- Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
- Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
- Сè уште убеден дека Иранците го мразат своето раководство, Доналд Трамп бил изненаден од снимките како милиони луѓе плачат на погребот на нивниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. „Можеби се лажни солзи“, изјави Трамп за Аксиос, коментирајќи ги сцените.
- Говорејќи за масовноста на собирот, Трамп истакна дека САД можеле со еден проектил да го елиминираат целото иранско раководство. „Сите се таму. Еден истрел и можеме да ги елиминираме сите, но нема да го направиме тоа бидејќи тогаш не би имале со кого да преговараме“, рече Трамп.
- Десетици милиони луѓе низ целата земја му изразија последна почит на Али Хамнеи, убиен со проектил во првите моменти од војната што САД и Израел му ја објавија на Иран.
- Повеќе од 6 милиони луѓе присуствувале на молитвениот комплекс Големата Мосала во центарот на Техеран, каде што беше положено телото на ајатолахот.
- Во метрото во Техеран во саботата бил регистриран рекорден број од 9 милиони патувања. Уште многумина пристигнале на церемониите со сопствен превоз.