- По информациите дека нема настрадани српски државјани во терористичкиот напад во Москва, се појавија информации дека во таа трагедија сепак загинале тројца Срби.
- Како што дознаваат тамошните медиуми, животот го загубиле брачна двојка од Војводина и нивниот шестгодишен син.
- „Таа информација е точна но немам сила да зборувам за тоа“, рекла сестрата на убиениот маж.
- Јеменските хути потопија и втор грчки танкер во само три дена во Црвено Море. Танкерот Eternity C со 25 члена на екипажот во понеделникот бил погоден со ракети и бил сериозно оштетен. Нападот продолжил, хутите се качиле на бродот, убиле неколку лица и ги грабнале другите. Потоа го минирале танкерот и го потопиле.
- Откако Израел ја почна воената операција врз Газа, јеменските бунтовници поддржани од Иран почнаа кампања против товарните бродови што преку Црвено Море носат гориво и стока до Израел.
- Од ноември 2023 година, хутите нападнале близу 70 трговски бродови со проектили, дронови и ракети од чамец. Досега потопиле четири брода, заплениле еден, убиле најмалку седум лица и киднапирале десетици. Сега тие ги снимаат своите акции.
- Во неделата тие нападнаа и уништија уште еден грчки брод со либериско знаме - Magic Seas. Сите 22 члена од екипажот биле спасени на трговски брод што пловел во близина.