- „Буши фешн“ која стои зад златари и хотелот „Буши ресорт и спа“, е новиот сопственик на некогашното седиште на Технометал Вардар.
- Зградата на Технометал е изградена во 1980 и има површина од 8.000 метри квадратни. Таа е продадена како дел од стечајната постапка на Технометал и долгови кон Комерцијална банка.
- Технометал Вардар е компанијата од која создаде некои од најголемите богаташи на Македонија по распадот на Југославија. Во 2019 беше отворен стечај за Технометал Вардар.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.