Статуата на Брус Ли преку ноќ исчезнала од мостарскиот парк Зрињевац.
Медиумите во моментов не се сигурни дали е украдена или дислоцирана заради некаква санација, но полицијата излезена на терен сугерира дека се работи за првото.
Статуата е поставена во 2005 година на иницијатива на мостарскиот писател Веселин Гатало и Нино Распудиќ кој сега е пратеник во хрватскиот парламент а изработена е од академскиот вајар Иван Фијолиќ.
Јеменските хути потопија и втор грчки танкер во само три дена во Црвено Море. Танкерот Eternity C со 25 члена на екипажот во понеделникот бил погоден со ракети и бил сериозно оштетен. Нападот продолжил, хутите се качиле на бродот, убиле неколку лица и ги грабнале другите. Потоа го минирале танкерот и го потопиле.
Откако Израел ја почна воената операција врз Газа, јеменските бунтовници поддржани од Иран почнаа кампања против товарните бродови што преку Црвено Море носат гориво и стока до Израел.
Од ноември 2023 година, хутите нападнале близу 70 трговски бродови со проектили, дронови и ракети од чамец. Досега потопиле четири брода, заплениле еден, убиле најмалку седум лица и киднапирале десетици. Сега тие ги снимаат своите акции.
Во неделата тие нападнаа и уништија уште еден грчки брод со либериско знаме - Magic Seas. Сите 22 члена од екипажот биле спасени на трговски брод што пловел во близина.