Брисел бара санкциии и за рускиот патријарх Кирил
10 јуни 2026
- Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, е вклучен на новиот список лица на кои ЕУ сака да им воведе санкции поради војната во Украина - да им ги блокира сметките и имотот и да ги спречи да патуваат во Европа.
- Европската комисија не го открива идентитетот на лицата од проширениот список пред санкциите да бидат одобрени од сите 27 членки, но извори од Брисел потврдиле дека е допишано и името на патријархот.
- ЕУ предложи санкции против патријархот Кирил и во 2022 година, но Унгарија тогаш стави вето на одлуката, со образложение дека тоа е прашање во врска со верски слободи.
- Друга точка од 21-от пакет санкции од ЕУ за Русија предвидува забрана за влез во ЕУ на сите Руси што биле на воена служба во Украина откако почна војната во 2022 година.
- Се бараат и санкции за банки, берзи за криптовалути и за уште 30 бродови од „сивата флота“ руски танкери натоварени со нафта и гас.