- Грција некогаш пушташе инспектори во Егејска Македoнија за да проверат да не се зборува случајно македонски по училиштата.
- Македонија денес пушта инспектори онаму каде што не се користело „северна“: „Инспектори ќе ги „чешлаат“ општините каде се потпишуваат заклетви без 'Северна'“, пренесува Дојче Веле.
- За депониите, дивоградбите, масакрот на шумите, ќе ви кажат дека „неопходно е зајакнување и екипирање на инспекциските служби“.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.